Мистеријата е решена: Еве како правилно се изговара името на компанијата Nike

Студентите на отсекот за креативен маркетинг, ставија облог како правилно се изговара името на Nike. Тие и` пишаа на компанијата со цел да ја разрешат мистеријата, но и да откријат кој го доби облогот.Големата дебата во врска со правилниот назив на компанијата Nike, конечно е завршена.
Бен Мартин и Кенда Петерс се одлучија да и` пишат на компанијата за да дознаат кој го доби облогот, но и да ја разрешат големата мистерија.
Писмото му го испратија на Филип Најт, кој е главен на Бордот за директори. Така, Најт еден ден доби писмо во кое му беа понудени два одговора, кои се однесуваат на правилното изговарање на името на неговата компанија. Тој требаше да го заокружи правилниот одговор.
„Во писмото ставивме и плик со маркици, со цел да ни го испрати својот одговор и да не` просветли. Искрено, не очекувавме дека ќе го прочита писмото и дека ќе ни го прати договорот, но секоја чест за неговиот подвиг. Неколку недели подоцна, го добивме одговорот“, изјавија тие.
Мартин и Петерс ја објавија фотографијата со одговорот што им беше пратен од Најт – правилно се изговара Најки (не Најк).Големата дебата во врска со правилниот назив на компанијата Nike, конечно е завршена.
Бен Мартин и Кенда Петерс се одлучија да и` пишат на

Пронајдете не на следниве мрежи: