Десет чудни и необични овошја кои треба да ги пробате!

Колку и да сте големи љубители на овошјето, сигурни сме дека за следните вкусови и слатки примероци немате слушнато. Погледнете ги фотографиите, ќе се воодушевите!Раката на Буда
Со многу чуден изглед, најчесто наликува на лимон со прсти. Ова азиско овошје се карактеризира со тврда и сува кора, без семе. Најчесто се употребува за правење на мармалад и ликер, а се јаде заедно со кората.

Африканска краставица
Исто така позната и под името „кивано диња“, африканската краставица потсетува на диносаурус со рог. Вкусот на ова овошје е сладок и желатински, помешан со мала доза на киселост.

Црн сапот
Познат и како чоколадно пудинг овошје, со изглед на зелен домат. Вкусот му наликува на пудинг со арома на сладок орев, а може да се служи со цимет, шеќер и шлаг.

Дуријан
Ова овошје прилично е одбивно поради својот лош изглед и непријатниот мирис. Замислете го мирисот на чорапи што не се миени долго време, помешан со канализација, грозно нели? Сепак, вкусот му е прекрасен и потсетува на пудинг со арома на бадеми.

Вкусен монструм
Ова необично овошје доаѓа од дождливите шуми на Јужна Америка. Овој монструм ослободува остар мирис кога созрева, а истовремено има и вкус на сладок ананас, поради што многумина уживаат да го јадат.

Фисалис
Ова овошје му припаѓа на истиот вид како и доматот и со него ја дели благата киселост. Фисалисот може да се додаде во салата или да се употребува како додаток за многу сосови.

Рамбутан
Името на ова овошје во превод од малајски значи „влакнест“. Кога ќе се излупи, се наидува на слатко-кисел вкус кој воглавно му е достапен за азискиот народ.

Дрвено јаболко
Кафеавата боја на ова овошје му дава лош изглед, но не дозволувајте тоа да ве излаже, бидејќи има примамлив вкус – како џем од грозје, кој можете да го јадете сиров или замрзнат како сладолед. Од ова овошје може и да се направи одличен сок.

Шеќерно јаболко
По потекло од Америка, ова овошје е многу вкусно бидејќи потсетува на комбинација помеѓу ананас и банана. Марк Твен пред многу години ова овошје го прогласи за најдобро овошје за мажите. Но, прво пробајте, па проценете го.

Змиско овошје
Кога ќе ја отворите црвената кора, наидувате на плод кој е сладок како мед и киселкаст како ананасот. Станува збор за многу заразна комбинација, но бидете внимателни бидејќи преголемите дози од ова овошје можат да предизвикаат запек.
Раката на Буда
Со многу чуден изглед, најчесто наликува на лимон со прсти. Ова азиско овошје се карактеризира со тврда и с

Пронајдете не на следниве мрежи: