Милионер предизвика вистински хаос на една плажа. Погледнете зошто!

Американски милионер се одлучи на своите сонародници да им измами насмевка на нивните лица, па смислил игра во која се бараат скриени пари. Тој на тајни локации ги става парите, а на корисниците преку Твитер им дава инструкции каде се наоѓаат парите.Твитер профилот со името @HiddenCagh предизвика вистински хаос во Америка, на кој еден милионер објавува локации на кои сокрил извесна сума на пари.
Овој викенд, скриените пари се наоѓале на плажата во Лос Анџелес, што воедно е продолжение на мистериозниот проект на богаташот, кој за последните недела дена израдува многу свои сонародници.
Овојпат, 36 играчки од Angry Birds кои беа наполнети со пари, беа сокриени под песокот на плажата Хермос. Настана вистински хаос кога луѓето поитаа кон плажите во потрага по својот подарок.
Околу 426.000 корисиници го следат овој профил, а само некои имаа среќа да го пронајдат своето пакетче во износ помеѓу 100 и 250 долари.
„Заработив милиони долари во последните неколку години, што е многу повеќе отколку што очекував, а многу мои пријатели не можат да си купат скромен дом. Ова е мој начин да го вратам долгот кон заедницата и да ги забавувам луѓето“, изјави овој дарежлив човек.
Погледнете го видеото:
Твитер профилот со името @HiddenCagh предизвика вистински хаос во Америка, на кој еден милионер објавува локации на кои сокрил извесна сума на пари

Пронајдете не на следниве мрежи: