Еден жиголо ги открива своите највлажни тајни

Еден студент од државниот универзитет во Вашингтон реши да се пофали за тоа како заработува и како „спие на пари“ додека студира.Откако испратил едно писмо во кое буквално се испофалил како заработува, локалниот весник „Columbia Lion“ решил да стапи во контакт со момчето. На негово барање, неговиот идентитет не се открива. Ви пренесуваме неколку негови изјави од интревјуто:
„Потекнувам од типично семејство од средна класа. Знаете, католичко семејство со милион деца. Не сакам да се заморувам и да си го барам близнаков по светот. Подобро да ми платата 15 000 долари за да се излежувам под сонцето во Тоскана отколку да ми смрзнува га*от во Њу Јорк“
„Средбите вообичаено траат околу 4 часа: вечера и секс. За тоа добивам 1 200 долари, и не плаќам за храната или хотелската соба“
„Ме контактираат различни видови на жени кои сакаат и можат да дадат над 1 000 долари за мое друштво. Најчесто, поради моите вештини да внесам романтика во вечерта и да направам тие да се чувствуваат посебно и посакувано, ме бараат осамени или разведени госпоѓи, како и срамежливи девојки кои се премногу повлечени да направат нешто со други момчиња.“

 
„Јас сум таков жиголо кој повеќе става акцент на интимната врска со клиентите. Сакам да ме доживеат како нивно момче, затоа и повеќе ме плаќаат, за разлика од моите пријатели кои се од типот на порно актери, па се сретнуваат со секавки жени и мажи само за да им ги исполнат сексуалните фантазии“

„Имало многу чудни средби. Една жена ми плати 800 долари за да пукам балони додека таа мастурбира. Сепак, најчудни ми се оние кои сакаат да ме инвовлираат во семејниот живот. Еднаш една жена ми плати да ја придружувам додека ги носи децата на концерт на Џастин Бибер.“Откако испратил едно писмо во кое буквално се испофалил како заработува, локалниот весник „Columbia Lion“ решил да стапи во контакт со

Пронајдете не на следниве мрежи: