8 најголеми мистерии за нашата планета

Мноштво нерешени прашања ги мачат како научниците така и останатие луѓе на земјата. Издвојуваме 8 нерешени мистерии за планетата која живот ни дарува.Зошто се е влажно?
По своето создавање, земјата била карпеста и сува речиси 4,5 милијарди години, додека не настанале молекулите на вода, па потоа и големите океански пространства. Оттука и прашањето од каде дошла сета таа вода? Посотјат многу претпоставки, како на пример судирањето на заледени астероиди во земјата кои оставиле остатоци на површината, но сепак, ова прашање се уште го чека одговорот.
Што има таму долу, во јадрото?
Уште една голема мистерија за земјаните. Постојат само претпоставки за содржината на земјиното јадро, но тоа никогаш не било истражено. Научниците до неодамна претпоставуваа дека тоа е составено од железо и никел и содржи огромна енергија, но тие тврдења подоцна се покажале како неточни.
Како месечината стигнала до овде?
И потеклото на нашиот природен сателит се уште е загатка. И за Месечината постојат низа теории за нејзината генеза. Се верува дека додека била се уште млада, земјата толку брзо се вртела околу својата оска, што наоколу расфрлала карпести честички кои се наталожувале и ја создале месечината.
Како настанал животот?
Една од најголемите мистерии за нас. Од каде сме? Како сме стигнале овде? Дали на ова тло сме настанале? Научниците веруваат дека можеби сме и дојденци од друг крај на универзумот, порати примероците од астероидите кои содржат основни витамини и аминокиселини, кои се основата на животот на земјата.

 
Од каде доаѓа кислородот?
Се верува дека пред 2,4 милијарди години цијанобактериите го испуштале кислородот како отпад. Постои и теорија дека кислородот осцилирал во карпите на земјата до пред околу 541 милиони години, кога почнал да излегува и да ја исполнува атмосферата. Како и да е, без него не би издржале на планетава ни 10тина минути.

Што ја предизвикало камбриумската експлозија?
Појавата на сложени животни форми во камбриумот е единствена пресвртница во животот на планетата. Пред 4 милијарди години почнале да се создаваат животни со срце, мозок и слични органи. Потоа, во периодот од пред 542 милиони години до пред 488 милиони години со голема брзина се развлие живи суштества, побрзо од кој било период во постоењето на земјата.
Од кога почнало движењето на тектонските плочи?
Се уште е мистерија од кога почнало ова раздвижување на земјата, поради кое таа се врти и ни ги дава денот и ноќта, и поради кое настануваат природни катастрофи како земјотреси и вулкански ерупции. Научниците истражуваат зрнца од циркон стари речиси 4,4 милијарди години и се уште не можат да откријат од кога почнало ова движење.
Дали некогаш ќе можеме да ги предвидиме земјотресите?
Дури и експериментот кој траел цели 12 години не бил успешен во предвидувањето на семојтресите. Геолозите и сеизмолозите предвиделе земјотрес во калифорнија за во 1994 година, но истиот се случил дури 10 години подоцна. Научниците веруваат дека земјотресите би можеле да се предвидуваат како временските услови, но за сега тоа е се уште невозможно.Зошто се е влажно?
По своето создавање, земјата била карпеста и сува речиси 4,5 милијарди години, додека не настанале моле

Пронајдете не на следниве мрежи: