Што говори денот на нашето раѓање?Понеделник се раѓаат среќниците,петок несреќниците…

Секој ден во неделата има многубројни значења. Има „добри“ и „лоши“ денови, па и децата родени на овој или оној ден добиваат „среќни“ или „несреќни“ значења. Еве што денот на вашето раѓање според народните верувања, говори за вашиот животПонеделник
Понеделник е првиот ден во неделата и воедно се смета и за најсреќниот. Се кажува дека детето кое се родило во понеделник ќе има долг и успешен живот. Како што започнува новата недела, овој ден е идеален за започнување на работи од сите врсти. Бог започнал со создавањето на светот во понеделник, па затоа и е добро човек да започне било што токму во овој ден.
Вторник
Вториот ден од неделата се смета за најнесреќен ден, па и луѓето во овој ден нема да имаа лесен живот. Во вторник, кажуваат преданијата и волковите си го чуваат крзното повеќе него другите денови. На овој ден не треба да се започнува никаква работа, бидејќи се смета за баксузен.
Среда
Овој ден има повеќе значења. На овој ден може да се започне било каква работа или да се тргне на пат. Се верува дека бебињата  на овој ден се доста напредни и здрави. Детето кое ќе прооди во среда може да биде среќно и богато. Во некои краеви, овој ден се замислува како светица, па може да се слушне и дека дошла „Св.Среда“ која инаку е наклонета на болесниците и оние кои патат.
Четврток
За четврток може да се каже дека е среќен ден. Кај народот постои оваа исрека- „Сите денови се добри, но четврток е најдобар“. Многу е добро детето да се роди на овој ден бидејќи се смета дека ќе биде доста среќно и успешно.

Петок
Петок според народното верување е еден од несреќните денови. Се смета и дека е „нечист“ ден и погоден да се дојде во допир со „демонските сили“. Затоа и се кажува дека кога на некој лошо му оди во животот дека му дошол „црниот петок“.
Сабота
Сабота е најчесто посветена на мртвите. Тогаш се оди на гробишта, и се палат свеќи. На овој ден човек треба да биде доста внимателен да не му се случи било какво зло. Детето родено во сабота ќе биде доста необично. За ова дете се верува и дека е видовито и дека може да види другите што неможат. Исто така се верува и дека можат да најдат закопано богатство и да бидат многу богати и успешни луѓе.
Недела
Недела е ден за одмор. Бог според христијанските верувања, шест дена го создавал светот и тогаш седмиот- во недела седнал да се одмори и да ужува во плодовите на својата работа. Поради тоа во народот постојат многу верувања се поврзани за овој ден, што се однесува на одмор и поминување на време со семејството.Понеделник
Понеделник е првиот ден во неделата и воедно се смета и за најсреќниот. Се кажува дека детето кое се родило во

Пронајдете не на следниве мрежи: