Што се крие зад празните суеверија „Наздравје“, „Чукни во дрво“, „Скршено огледало“?

Дури и ако не се сметате за суеверна личност, најверојатно ќе кажете „Наздравје“ кога некој ќе кивне или чукате во дрво.Иако овие ритуали не се логични, идејата може да биде доста утешителна, кога работите ќе излезат од контрола. Ние решивме да ви откриеме нешто за овие празноверија.

Црна мачка
На нашите простори се верува дека е несреќа ако црна мачка ви го пресече патот. Меѓутоа тоа не е случај во целиот свет. Имено во Египет се смета дека црните мачки носат среќа. Тоа датира уште од античките времиња, кога мачките се сметале за свети животни. Нашиот денешен „страв“ од црните мачки се поврзува со средниот век, кога се верувало дека вептерките можат да го заземат обликот на црната мачка.
Скршено огледало
Верувањето дека ако скршите огледало, ќе имате седум години несреќа потекнува од Римјаните кои први го направиле огледалото од стакло. Исто така, многу култури во минатото верувале дека огледалото има моќ  да му ја одземе душата на оној кој го користи. Такада, ако огледалото се скрши дел од душата останува заробена во него.

Чукни во дрво
Чукањето во дрво или едноставната изрека „Чукни во дрво“ е идеја да ја провоцирате вашата судбина со признавањето на вашата среќа. Изразот потекнува од древните верувања дека духовите на среќата живееле во дрвото такада кога една личност ќе чукне во дрво таа всушност ги повикува споменатите духови да ја заштитат.
Отварање на чадор во затворен простор
Едно објаснување за ова потекнува од времето коха чадорот е користен како заштита од сонце, отварање на чадор во затворен простор се сметало за навреда поради сонцето. Друга теорија е дека чадорот ве штити од животните олуји, такада неговото отварање во куќата претставуванавреда на добрите духови кои се чувари на вашиот дом., што ги наведува да го напуштат вашиот дом и да ве остават незаштитени.

Наздравје
Се смета за пристоен одговор при кивање, а фразата се препишува на папата Гргуру. Имено папата ја изговорил оваа фраза,во минатото откако некој од заболените кивнал. Исто така погрешно се верувало дека кога некој ќе кивне во тој момент излегува дел од душата и дека срцето може да престане да работи. Токму поради тоа е потребно да на таа личност и посакате здравје, односно да кажете „Наздравје“
Детелина со 4 листа
Легендата кажува дека кога Адам и Ева биле истерани од рајската градина, Ева успеала да зграби детелина со 4 листа за да ја потсеќа на деновите поминати во рајот. Од тогаш се смета дека ако пронајдете детелина со 4 листа ве очекува голема среќа.Иако овие ритуали не се логични, идејата може да биде доста утешителна, кога работите ќе излезат од контрола. Ние решивме да ви откриеме нешто за о

Пронајдете не на следниве мрежи: