Неверојатно: Се вратил од одмор и наишол на оргии во неговиот стан…

Американецот Ари Тиман го изнајмил својот стан во Њујорк преку веб сајт за изнајмување, и останал во шок кога по враќањето во својот дом наишол на голем број на голи дебели жени и еден куп плишени играчки.Тиман пред да замине, својот стан го издал на Дејвид Картер преку веб сајтот „Airbnb“. Изнајмувањето на станови преку овој сајт е сосема безбедно, а Картер имал позитивни критики од поранешни соработници, од кои изнајмувал или купувал работи.
Покрај тоа Картер му рекол дека во Њујорк доаѓа поради вечнавка, и дека во станот ќе биде заедно со некој роднина. Сепак, како негови „роднини“ се покажале девојките кои се одзвале на неговиот оглас на Twitter, со кој тој повикува на оргии за „убави големи“ жени.

Тиман случајно дознал за тоа што се случува во неговиот стан, кога се вратил на кратко да земе некои работи кои ги заборавил. Останал во шок кога видел дека половина од мебелот во станат е искршен, а дебели голи жени и плишани играчки имало насекаде.
„Најлошиот „дел“ од интернетот беше во мојот стан. Морав да повикам полиција за да ги истерам овие луѓе. Сега сопствениците на станот сакаат да ме избркаат и мене, а и јас не се чувствувам пријатно во него, бидејќи многу луѓе ја знаат мојата адреса, и мислат дека организирам оргии“, вели Тиман.
Веб сајтот преку кој бил изнајмен станот го блокирал профилот на Картер, а за искршените работи на Тиман тој му платил околу 24.000 долари. Сепак тој смета дека не направил ништо погрешно.
Тиман пред да замине, својот стан го издал на Дејвид Картер преку веб сајтот „Airbnb“. Изнајмувањето на станови преку овој сајт е сосем

Пронајдете не на следниве мрежи: