Хамилтон потпиша со Мерцедес

 

Шампионот во Формула 1 од 2008 година, Луис Хамилтон по завршувањето на сезоната ќе го напушти Мекларен и ќе се пресели во Мерцедес.

Хамилтон со Мерцедес потпишал тригодишен договор, негов тимски колега во наредното првенство ќе биде Нико Розберг, па извесно е дека Михаел Шумахер по втор пат ќе се повлече од Формула 1. 

Хамилтон ја прифатил понудата на Мерцедес која изнесува 74 милиони евра, далеку повеќе од она што го понудил Мекларен, 45 милиони евра. По сезона Британецот ќе заработува околу 20 милиони евра плус дополнителни бонуси за победи на трките и евентуално за вкупна победа во Светското првенство. 

Вклучувајќи ги и спонзорските договори, Хамилтон би можел низ спонзорските договори да заработува околу 100 милиони евра годишно. 

Поранешниот светски првак претходно изјавуваше дека е фрустриран од одредени поединци во Мекларен од кои нема доволно поддршка во борбата за светската титула. Тој во Мерцедес би требало да соработува со Рос Браун , човек кој со Шумахер освои седум титули светски првак, а и го предводеше Џенсон Батон до титулата во 2009 година. 

Мекларен веднаш најде замена за Хамилтон, на неговото место во тимот ќе вози Серхио Перез.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: