Зошто тетовирањето не e баш најдобар избор?

Тетовирањето има важна улога во многу култури и најчесто служи за докажување на лојалност кон некоја заедница, искажување љубов кон партнерот или семејството. Но, исто така, луѓето често се изложуваат на чинот-тетовирање за да искажат некој свој став и често под дејство на алкохол. Колку забавно, смело или безопасно да звучи, сепак постојат бројни причини зошто да не се тетовирате.
 Трајна е
Прва и најубедлива причина. Во моментот можеби се чувствувате и премногу заљубени, но никогаш однапред не се знае колку таа љубов ќе потрае. Доколку се прекине врската, единствено трајно што ќе остане – е вашата тетоважа.
 
Боли
Тетовирањето е мошне болно, особено ако се одлучите за некој поосетлив дел од телото. И зошто би го сториле тоа ако не сте потполно сигурни и знаете дека за некоја година би се покајале и би сакале да ја промените или отстраните истата.
 
Никогаш не можете да бидете потполно сигурни дека е безбедно
Во било кој Tatoo-салон, не можете да знаете или пак да сте сигурни дека инструментите се стерилизирани или пак се користат за една употреба. Изложени сте на болести и инфекции, меѓу кои најопасни се ХИВ или хепатитис.

 
 
Повеќето работодавци не сакаат тетоважи, а луѓето ве сметаат за несериозни
Иако тетоважите и човечките способности не одат рака под рака, сепак луѓето ги спојуваат, и „тетовираните“ често не ги сфаќаат сериозно и не им веруваат.
 
Тетоважите стареат и се растегнуваат заедно со вашата кожа
Замислете, истетовираното срце по неколку години, со растегнувањето на вашата кожа, добие форма на амеба. Мастилото можеби е трајно, но не и обликот на тетоважата.
 Трајна е
Прва и најубедлива причина. Во моментот можеби се чувствувате и премногу заљубени, но никогаш однапред не се знае

Пронајдете не на следниве мрежи: