Меракот им швалерски: Легенда од Крива Паланка

Во рурален дел на Крива Паланка, поточно во село Огут (одалечен од градот едно 35-40 километри) и денес се раскажува една анегдота.Имено некаде во педесетите години на минатиот век во селото немало полициска станица или имало не е важно, ама за народните маки и за редот во селото и тековните активности како и врската град-село ги одржувал месниот селски раководител и попот. Е, таму како и секаде имало локални фраери-швалери, еден таков го фатил домаќинот, а домаќинот ѓоамити бабачко 120 кила и два метра од земја како овој и се покачил на домаќинката додека бабачкото дринчел на нива.Така бегајќи швалерот со симнати гаќи се качил на една бука, ама врнежливо време се слизнал и скршил глава, останал наместо мртов. Дошла полицијата ги собрала претседателот на месната заедница и попот да образложат како дошло до несреќниот случај и како швалерот несреќно го загубил животот. Се мислеле овие се думале седнати во локалниот ;коњопој; ( тоа е продавница, кафеана, место за играње карти и подигање пензии) а продавачот им ја дава легендарната идеја: Пишете, ОГУТСКА НЕДАЌА го снашло наш Миле швалер;
Вака почнав, за пак да се навратам на меракот-швалерски. Прељубата не ја измислиле Македонците, ама брате се практикува. Можеби заради должничката криза малку поретко, ама никако не е во замирање. Новите комуникациски алатки како мобилната телефонија и фејсбукот благопријатно делуваа во развивање на ;спортска активност;. Зошто прељуба? Од незадоволеност, презаситеност, заради материјална корист, вработување, напредување, осветољубивост;Жените за прељуба бараат причина, а мажите само добро скриено место!Во Македонија прељубата си има традиција, а и низ градовите си постојат низ годините и познати швалерски места (Скопје, на Водно навечер, Зајчев рид-насабајле за време пауза за ручек). Вие во коментар па допишете за местата во вашиот град. Јас како паланчанец (пу, сељак што би рекла Јоци) ќе ги наведам кај нас околината на манастирот и неизградената спортска сала-навечер, а во приквечерините или за време на викенд Градскиот пазар. Ако барате вина и виновници за швалерација тука ќе налетаме на полова субјективност, дали жената или мажот, кој ја има поголемата вина во една вонбрачна врска? Верувале вие или не, во еден судски процес испаѓа дека сепа жените се поголеми виновници. Не ми верувате??? Еве ви уште една вистинита анегдота;
Се враќаме пак назад во шеесетите години од минатиот век. Се сретнале двајца стари пријатели во Грнчарската улица, се прегрнале, и како што е ред седнале во блиската кафеана-слаткарница да се освежат со по една боза (а може било и ракија кој да ги знае), арно ама едниот со себе водел коњ, а другиот кобила ги врзале пред еден грнчарски дуќан и на раат си се расприкажале. Туку се расприкажале и добитчињата па коњот и се качил на кобилата, споулавеле во занес и ја испокршиле целата грнчарија пред дуќанот. Целава работа ;мама на тате, тате на мама; кој да плати кој да се искубе завршила на суд за прекршоци. Го прашуваат судијата за пресуда, а тој бара мислење од адвокатите, тие согласни нели пријатели, да си ја поделат штетата. На тоа судијата (мудар некој екс политички комесар) пресудил: А. не не овде повеќе е виновен сопственикот на кобилката, ќе ме запрашате зошто? Е, зошто де??? Е па кобилата правела русвај и кршела со сите четири нозе, а коњот само со двете со другите бил качен, така поголема штета на грнчарот направила кобилката.

 
Заклучок: Жените во швалерските води подобро пливаат ама и повеќе наебуваат, зошто инаку народниот мудрец би рекол :;Koја кучка јаде маст, на крај јаде и стапови!
Да ги оставам настрана ретро-флешовите, многу опасна девијација во денешново општество е плаќање за вработување, не со пари ами со секс. Ова може и не е швалеризам туку категоризација- проституција од најдолен вид. Без разлика дали за вработување се нуди или се бараат сексуални услуги овој таканаречен МОБИНГ-систем го има дури и пречесто сакале ние да ја забиеме главата во песок и да негираме или не.Во приватниот сектор или по државни институции го има.Опасен е трендот на НУДЕЊЕ, знаеме дека расипани раководители кои уценуваат имало и веќе е влезено во фолклорот и во мрсните вицеви, ама се повеќе млади девојки притиснати дал од немаштија или од гола амбиција отворено се нудат, за вработување, подобри позиции или поголема плата. Секој слушнал и разбрал за вакво озборување во својата средина, а кај има чад има и оган. Не знам колку вакви случаеви се процесуирани судски или се завршило во интимен семеен круг заради нашиот балкански срам да не не зборат комшиите.
– Треба на лисицата да и ја згазнеме опашката за да создаваме здраво и морално семејство. А која моралност од мајка, сопруга, ќерка ако работно место и позиција заработила преку спална соба?
 
Марјан Стаменковски, новинар и сопственик на радио Крива Паланка.Имено некаде во педесетите години на минатиот век во селото немало полициска станица или имало не е важно, ама за народните маки и за редот во село

Пронајдете не на следниве мрежи: