Ова се најпребаруваните зборови на интернет за 2013 година

2013 година би можела да се прогласи за година на неуспесите, судејќи според најпопуларните зборови на интернет (на англиски јазик), покажува анализата, која ја изработи Global Language Monitor. Според анализата зборовите грешка, неуспех, папа и надгледување се меѓу најпопуларните.Грешката 404, која се појавува кога некои веб страници се недостапни или преоптоварени е најпопуларниот збор во 2013 година.
Следува зборот fail (неуспех), на трето место е hashtag, а четврт најпопуларен збор во 2013 година е @Pintifex, што е името на папата Франциско на Твитер.
На листата најпопуларни зборови е и надгледување, што се поврзува со аферата за шпионирањето, беспилотни летала, дефицит, потоа зборот нано која се поврзува со технологијата, меме – фотомонтажите, cloud – збор кој означува подготвување податоци на интернет. Меѓу најпопуларните зборови е и twerking, кој означува танц, со кој се имитираат сексуални пози, а го осмисли Мајли Сајрус.
Меѓу најпопуларните фрази се глобалното затоплување, федерален дефицит, бомбашки напад  за време на маратонот (Marathon Bombing), хемиско оружје, Арапска пролет.
На листата најпопуларни имиња е папата Франциско, потоа Обамакер (Здравствената реформа на Обама), НСА (американска Агенција за национална безбедност), Едвард Сноуден, Кејт Мидлтон и Малала Јусафзаи.
Извор: Think.mkГрешката 404, која се појавува кога некои веб страници се недостапни или преоптоварени е најпопуларниот збор во 2013 година.
Следува зборот

Пронајдете не на следниве мрежи: