Работи кои не сте ги знаеле за принцот Чарлс!

Принцот Чарлс наполни 65 години и со тоа стана најстариот англиски престолонаследник во редот за круната. Синот на кралицата Елизабета Втора (87) и принцот Филип (92) роденденот го одбележа во Шри Ланка каде престојува со сопругата Камила Паркер (66) на својата азиска турнеа.По повод неговиот 65-роденден, медиумите се потсетија на ситничавите и помалку вицкасти навики кон кои принцот стриктно  се придржува низ целиот живот. Чарлс, кој никогаш не земал слободен ден, дури ни за Божик, вели дека неговото животно мото е „да го направиш светот подобро место за живеење, а таквата работа не признава одмор“. Кога се ќе му преседне, само одмавнува со раката со коментар „што се нема да направам за саканата Англија“.
Иако има полни 65 години, Чарлс се уште нема свој мобилен телефон. Смета дека е многу поедноставно да се патува со личен телефонист и централа. Секогаш кога патува со авион, никогаш не јаде, без оглед на тоа колку трае летот. Кога патува во странство секогаш со себе носи сопствена голф опрема.
Поради проблемите со грбот секаде ја носи омилената златно-црвена перница на која седи, а никогаш не оди без чепкалки за заби, кои само за него се изработени од посребрени дикобразовни боцки.

 
Се уште го вози 44 години стариот Астон Мартин, кој му го подарила мајка му. Автомобилот наместо на бензин оди на биогориво кое се прави од дестилирано вино.
Неговиот омилен филм е „Титаник“, но секогаш инсистира на тоа да се врати назад, затоа што сака само среќен крај. Единствен филм од Мартин Скорсизе  кој го гледал е „Таксист“. Омилен музичар на принцот Чарлс му е Леонард Коен, кој на неговото крунисување се согласил да ја пее God Save The King, додека омилен член на бендот Ајрон Мејдон му е тапанарот Нико Мекбреин.
Цела негова облека се пере исклучиво на рака. Всушност, кога во една прилика му доставиле машина за перење алишта ја проучувал цел ден и после тоа заклучил дека има само една програма и ја вратил назад. Горд сопственик е на 500 идентични одела кои мораат да бидат изработени, испрани и испеглани во Перу и тоа на традиционален начин, а во последните 30 години не се поправил ниту еден грам па се уште може да ги облече сите одела. Сите негови маици се рачно изработени од дизајнерот Turnbull&Asser, а само една чини 350 фунти и поседува 50 пара рачно изработени кожени чевли.
Одличен е мимичар, кој пие исклучиво Earl Grey чај со мед. Кога е готвењето во прашање, највешт е во подготвување тост.  „Тајната е во тоа што треба добро да го запечете од двете страни. Најголема грешка што луѓето ја прават е тоа што тостот го мачкаат со путер пред да го стават во тостерот, наместо кога ќе го извадат“, е кулинарскиот совет на принцот Чарлс. Наместо ручек принцот јаде сендивч или пие сок од портокал, а омилено јадење му е велшка овошна торта, која се сервираше на неговото венчавање со Камила.

 
Првпат алкохолен пијалак пробал на само 14 години, а денес го пие омилениот џин мартини, но само ако го подготвува неговиот батлер, кој исто така му ја става и пастата на четкичката за заби. Пијалак на настани инаку си носи во посебно шише и сам си го преточува во чаша.
Иако од своите 15 години не пропуштил ниту една епизода од научно-фантастичната серија Doktor Who, ја одбил понудената улога. Единствено актерско деби имал во серијата Coronation Streеt   каде во епизодата со која се славеше 40 години од серијата, се глумеше себе си.
Принцот верува дека е потомок на Дракула па купил имотот во Трансилванија во Романија и финансиски ги помага нивните културни здруженија.По повод неговиот 65-роденден, медиумите се потсетија на ситничавите и помалку вицкасти навики кон кои принцот стриктно  се придржува низ цели

Пронајдете не на следниве мрежи: