Фибоначиевата Низа-Отпечаток на природата!

Сигурно сте се запрашале некогаш како некои форми во природата имаат толку перфектен изглед, облик кој се повторува насекаде околу вас. Шеми, шаблони, делови од одредена математичка загатка или само чиста случајност. 
Случајност сигурно не, но дали можеби овие форми ни откриваат нешто повеќе за самата природа, дали можеме да ја декодираме низата на природата, однапред предвидувајќи што ќе се случи. Фибоначиевита низа на броеви е случајно или не, една од најпристутните математички облици во природата.
Фибоначиева низа, е низа од броеви, во која секој број е добиен како сума од неговите два претходници. По дефиниција нултиот и првиот член од низата се броевите 0 и 1 соодветно. Вториот број во низата ќе биде добиен од збирот на неговите претходници односно 0+1=1, што е и вториот член во Фибоначиевата низа. Па така имаме низа од броеви:
1, 1,2,3,5,8,13,21,34,55,89,144,233,377,610…
F1=1 ; F2=1
Fn=Fn-1+Fn-2
Збирови на дијагоналите од Паскаловиот триаголник
Фибоначиевите броеви во природата
Фибоначиевата низа на броеви е најпознатата математичка форма присутна во природата кој се повеќе добива и општествено значење како некои почнуваат да ја поврзуваат и добивките и загубите на берзата, формирајќи нов систем на предвидување на хаотичното движење на stock market-от. Во природата, почнувајќи од правилото на разгранување (1,1,2,3,5,8) пристуно кај дрвајата, спиралното развивање на лисјата, потоа распоредот на семето кај сончогледот, присутни се и кај ананасот и шишарките. Употребата на оваа низа во економијата, поточно во тргувањето на берзата е тесно поврзано со бројот фи – (1.61803…) познат како златен број (пресек) кој е добиен како лимес од количник од еден Фибоначиев број (како именител) и неговиот следбеник (како броите). Употребата на бројот фи е најпозната во златниот правоаголник, кој бил употребуван при изградбата на познатиот грчки храм Партенон.

Повеќе на think.mk 
Случајност сигурно не, но дали можеби овие форми ни откриваат нешто повеќе

Пронајдете не на следниве мрежи: