Дали во обложувањето постојат сигурни дојави?!

Сите барем еднаш или повеќе пати слушнале за некој кој располага со информации од прва рака или барем тврди дека е така. Веројатно не постои човек кој се обложува, а барем еднаш да не уплатил 8220;сигурно наместена8221; утакмица со коефициент 30+.Сето тоа е дел од играта, а овде ќе се обидеме да објасни како и на кој му е во интерес да пласира лажни дојави.
Во последните месеци настана поплава од нови кралеви и гуру мајсотри во светот на обложувалниците. Најчесто ова оди преку социјалните мрежи и блоговите, а продавањето на дојави е составен дел од работата. Сите тие тврдат дека располагаат со вистински информации се со цел да привлеат луѓе. Ова се добро познати трикови. Иако тврдат дека сакаат на народот да му помогнат да се спаси од сиромаштвото, вистината за нивните способности и намери е сосема поинаква.
1. Плаќање пред утакмица, ако дојавата е неуспешна, следната е бесплатна
Ова е навистина популарен начин за привлекување на луѓе. Еден од првите кои се појавиле. Ова празно ветување е само трик кој го користат, за во вас да разбудат чувство на лажна сигурност и да ви докажат дека имате некаква гаранција (лажна). Ако уплатената дојава не биде успешна, каква ли ќе биде следната? Исто како првата. Но дали знаете дека всушност тој што ја пласира дојавата никогаш не уплаќа голема сума на пари, туку само го слика коефициентот? Тој е во поголема заработка од вас, доколку вие уплатите добитно ливче, отколку ако неговата дојава ја уплати самиот себе си. Зошто? Бидејќи кој знае на колку луѓе тој ја има пратено дојава и кој треба да му платат?
2. Плаќање пола од договорената сума пред утакмица, а остатокот после утакмицата
После тоа, што поголемиот дел од луѓето сфатија дека првиот начин не функционира, продавачите на (магла) дојави се свртиле кон нов модел на плаќање. Овде половина од сумата се бара однапред, а пола после утакмицата. Па, кога не може да се добие целиот износ, добро е и пола, бидејќи сепак пари се пари, а можеби 8220;дојавата8221; (случајно одбрана утакмица) ќе успее, па ќе се заработи дупло.

Дојавата сепак е успешна
Некогаш ќе слушнеме дека на некој дојавата му успеала, и заработил убави пари. Тука не се работи само за дојави, туку за случајно избрани утакмици и пласирани на сите можни начини (1;2;x) на што повеќе луѓе на многу поразлични страни, така што на некој мора да му успее, додека на останатите не. Ова е одличен трик за навлекување. Подобро сами испробајте ја својата среќа па одиграјте на некој голем тикет ако многу сакате, барем нема да никој да му плаќате 8220;дојава8221; (магла).
Докази за уплата, тикети и снимки од уплатата
Ако на страницата на која се продаваат дојави, здогледате лист, видео снимка и скриншот од уплате тикети, не наседнувајте на тие материјални докази, бидејќи е навистина лесно да се направат. За да направите лажен тикет е доволно да познавате некој кој работи во кладилница и може да направи тикет каков што сакате. Исто така постоечкото може да се обработи во Фотошом или со слични програми. Скриншотови и снимките од мониторите исто така не се никаков докааз за уплата бидејќи се прикажани содржини кој лесно можат да се обработат со програми како Фајрбаг кој се достапни за сите и се навистина едноставни за користење. Затоа бидете внимателни.
Не тврдам дека местењето на утакмици не постои, бидејќи секој може да пронајде содржини во медиумите како полицијата открила афера со наместени утакмици, и тоа во големите европски лиги. Информациите за местените утакмици се достапни на мал број луѓе, најчесто на самите актери вклучени во целата работа, бидејќи се во прашање огромни парични износи, па сигурно такви информации нема да се продаваат за 100-200 евра, пред и после утакмицата. Со тоа само би се загрозила ситуацијата, бидејќи би се привлекло непотребен публицитет и би дошло до неуспешен тикет, а што повеќе луѓе знаат, полесно е покасно да се започне истрага и за се открие кој стој позади тоа.
Извор: Think.mkСето тоа е дел од играта, а овде ќе се обидеме да објасни како и на кој му е во интерес да пласира лажни дојави.

Пронајдете не на следниве мрежи: