Зајак се умислува дека е кокошка

Ото би бил кокошка да не е роден како зајак.  Лежење на јајца, колвање по двор и дружење со останатите кокошки е вообичаено за пилиња, но секако не и за 8-месечен зајак.Збунетиот зајак го добил Виле Кусинен кој заедно со сопругата и три деца живее на мал фински остров 210 км. северозападно од Хелсинки.
– Кога влегов во кокошарникот видов како лежи на јајца. Подоцна го набљудував како скока врз ограда, паѓа од неа за на крајот некако да се одржи на неа, вели Кусинен.Ото не сака да седи во кујна ниту да јаде моркови, повеќе сака храна за кокошки. Постојано е во нивно друштво и и си игра со нив. Сепак, инстиктот на зајак се буди кога некој непознат влегува во кокошарникот. Тогаш бега и се крие.
Извор: Think.mkЗбунетиот зајак го добил Виле Кусинен кој заедно со сопругата и три деца живее на мал фински остров 210 км. северозападно од Хелсинки.

Пронајдете не на следниве мрежи: