Каква личност сте според вашето име?

Иако „модата на имињата“ се менува, односно некои добиваат на популарност, за разлика од други, имињата на децата се бираат така да бидат „важни, симболични и да значат нешто“ за родителите.Верувањето дека личното име ја одредува судбината на личноста, потекнува уште од Библијата, но и поновите психолошки студии се почесто покажуваат дека името влијае на многу животни сегменти – карактерот, кариерата, па и на тоа кого сакате.

Примитивните народи верувале дека името е дел од човекот, исто како и телото, па така со погрешна употреба на името може да му се нанесе зло на тој што го носи името. Некои теоретичари сметаат дека „компатибиноста“ на имињата односно нивната звучна вибрација ни одредува и колку некој ќе ни биде симпатичен, дали ќе бидеме наклонети кон природните или општествените науки, па дури и тоа дали ќе имаме мирен или боречки карактер.
Една белгиска студија покажала, дека секој 6-ти Белгиец работи во стука чии први три букви од името се поклопуваат со првите неколку букви од неговото лично име. На пример поголем број забари се викаат Денис (dentist – забар на англиски). Исто така, една американска студија покажала дека паровите чии имиња почнуваат на слична или иста буква, имаат подолга и постабилна врска.

 
Иако сме убедени дека изборите ги правиме самостално, дека сме рационални и свесни суштества, научните истражувања покажуваат дека на нашите одлуки понекогаш влијаат и ирационални фактори. Сите имаме имиња кои не ни се допаѓаат, но некои луѓе ги носат и без оглед на нивните други квалитети, токму тие луѓе не ни се симпатични. Сето тоа има врска со струењето на енергијата, вибрациите кои поедини имиња ги „испраќаат“ – тврдат стручњаците за имиња.
Во Индија веруваат дека секој збор има одредена фреквенција, вибрација и боја и поради тоа што често се говори, името на тој начин привлекува или добра или лоша енергија во животот и прилично влијае на судбината на секој од нас.
Стручњаците за имиња трврдат дека имињата треба внимателно да се избираат , заради тоа што „енергијата на името“ станува составен дел од личноста. Најважна е првата буква, затоа што има најјако влијание. Првите букви од името го означуваат детството и младоста, а последните зрелоста и староста. Доколку има повеќе букви во името, ќе има и повеќе промени во животот. Што повеќе различни букви во името, ќе предизвикаат повеќе турбуленции, велат „читачите на имиња“.

Луѓето чие име почнува на буквата А се вредни, пожртвувани и желни за комфор, работат добро платена работа затоа што сакаат да бидат материјално обезбедени и опкружени со луѓе кои им се восхитуваат. Бранка, Борис, Богдан, на пример се големи емотивци, ги сакаат патувањата, талентирани се и фатални, но имаат и многу напорен карактер. Луѓето чие име почнува на В се малку површни, но сакаат силно и страстно, за цел живот. Иницијалот Г укажува на педантна личност, уредна и чиста, која сака сигурност. Оние чие име почнува на Д или Ѓ имаат желба за самосталност, сакаат мир и слобода, имаат силен карактер и лесно го добиваат тоа што го сакаат. Прва буква Е во името, открива темелни луѓе кои не се брзаат во одлучувањето, успешни се на работно поле и во контактите со луѓето. Името кое започнува на Ж, го носат луѓе кои не сакаат изненадувања, практични, вредни, но понекогаш се спори и затворени.

 
Зоран или Зорица се интуитивни и одговорни, но често и зловолни. Секогаш се тука да ви помогнат, но ќе очекуваат и благодарност. Иван или Искра ќе ве сакаат искрено и секогаш ќе пронајдат креативно решение за секој проблем. Имињата кои почнуваат на буквата Ј се многу впечатливи, динамични и способни, вечно деца. Коста или Катерина секогаш ќе бидат мистериозни, дел од нивната личност никогаш нема да можете да ја допрете.
Лазар или Лилјана малку се тешки за комуникација, често своеглави, невозможно е да им се удоволи иако сами себе знаат да си допуштат задоволство. Марко или Марина се љубители на природата, срамежливи и често невнимателни. Иницијалите Н или Њ кријат бунтовник со бистар ум, критични се и спрема себе и другите. Не сакаат рутини, но се предадени на работата и кога работат нешто што не им е по волја. Огнен или Олга сакаат да бидат сакани, да им се восхитуваат, големи перфекционисти се и посветени на фамилијата. Павле и Петра го живеат животот со полни гради, сакаат големи достигнувања и да се секогаш во центарот на вниманието. Имаат немирен дух и не можат без патувања и возвудувања. Оние чие име почнува на Р се храбри и одважни, самоуверено се стремат кон целта. Со нив не вреди да се расправате.
Славица или Слободан го ценат материјалното, амбициозни се и непоколебливи во работата, но често се несигурни во своите чуства. Тодор или Тијана се интуитивни, креативни и принципиелни, големи сонувачи кои ја сакаат егзотиката. Урош или Уна се великодушни, но и лукави личности кои не можете да ги натерате да направат нешто што не сакаат. Нивниот живот е полн со авантури и изненадувања. Буквата Ф крие одговорни, чуствителни личности кои никогаш не забораваат ако сте им направиле некоја услуга и никогаш намерно нема да ви згрешат. Буквата Х прикажува ведри, снаодливи луѓе кои сакаат да бидат центар на внимание. Ц е првата буква на луѓето кои се нежни, отворени, луѓе на кои често „јазикот им е побрз од паметот“. Кога некој носи прва буква Џ во името, тогаш бидете сигурни дека станува збор за човек со кого нема да биде лесно.Тоа се категорични личности, цврсти во одбраната на своето мислење и ставови, дури и кога не се во право. Ш во принцип открива скромна личност со интересен смисол за хумор.
think.mkВерувањето дека личното име ја одредува судбината на личноста, потекнува уште од Библијата, но и поновите психолошки студии се почесто по

Пронајдете не на следниве мрежи: