Што најново е откриено на Марс?

Планетата Марс и понатаму е примамлива за научниците и истражувачите, а Њујоркшкиот институт Реншелер соопшти нови информации за тоа што е откриено на оваа планета.Според анализите од примероците од копното на планетата Марс, што ги собра вселенскиот истражувачки робот на НАСА „Кјуриозити“ (Curiosity), откриено е дека површината на таа планета ја сочинува два отсто вода.
Ова ново сознание повторно го отвори прашањето за можноста на живот на Црвената планета.
Лори Лешин од споменатиот Институт истакна дека новото сознание за составот на копното на Марс е многу возбудливо за целата научна јавност, и додаде дека во примероците од копното се наоѓаат количини на јаглерод диоксид, кислород и сулфур.
Лешин рече дека откритието на вода на таа планета е многу важно за наредните истражувања на планетата, а претходно сите сметале дека Марс е само една сува планета.
Иако во значително помали количини од површината на Земјата, на секој дел на Марс се наоѓа вода, а научниците тврдат дека таа може многу лесно да се издвои со едноставно загревање на тлото.
Претходно е утврдено дека водата на Марс се наоѓа само на неговите полови и тоа во форма на мраз. Покрај водата се пронајдени се и траги од метан.Според анализите од примероците од копното на планетата Марс, што ги собра вселенскиот истражувачки робот на НАСА „Кјуриозити“ (Curiosi

Пронајдете не на следниве мрежи: