Ја „плеснале“ по задникот па си добила оштета од 13 илјади фунти

Интересен случај се појави во судот во Ливерпул, Велика Британија.Девојката Елизабет Каѕвиг (22), поднела тужба поради плеснување по задникот од страна на директорот, кој по инцидентот и дал отказ од работното место.
Судот во Ливерпул реши да ја донесе пресудата во полза на девојката и тужениот директор треба да и плати оштета од 13 илјади фунти.
Нејзиниот адвокат изјави дека неговата клиентка постојано била изложена на „сексуално вознемирување и прогонување“ од својот директор кој е доволно возрасен за да и биде татко.
Судот го прифати ова обвинение и му наложи на директорот да плати парична казна  во износ од 13 илјади фунти за своето недолично однесување.
Девојката пред судот објасни дека сексуалните вознемирувања од страна на директорот почнале веднаш по нејзиното вработување во фирмата.
Таа за тоа време била „бомбардирана“ со сексуални понуди цели две години се до нејзинот отказ од работното место. Девојката Елизабет Каѕвиг (22), поднела тужба поради плеснување по задникот од страна на директорот, кој по инцидентот и дал отказ од работното мес

Пронајдете не на следниве мрежи: