Закерберг сака Фејсбук да биде сеприсутен, исто како струја!

Марк Закерберг не сака Фејсбук да биде „кул“, неговата цел е далеку поамбициозна – тој сака Фејсбук да биде сеприсутен, како што се тоа денес електричната енергија и водоводот.Шефот на најголемата социјална мрежа во светот е уверен дека Фејсбук повеќе не е кул, но и дека тоа е доста позитивно нешто бидејќи така ќе е неосетлив на промена на трендови и барем до некаде, конкуренција.
„Никогаш не ми било целта Фејсбук да биде кул, погледнете ме мене, јас сум најмалку кул личност која постои. Тука сме веќе десетина години и дефинитивно сме нужна појава, па такавоопшто не е битно дали сме кул или не, дури и подобро е да не сме“ – изјавил Закерберг за Tech Crunch.
Исто како струјата, некогаш била кул, но денес е сеприсутна потреба. Ако нештата се целат кон тоа да бидат кул, тогаш се осудуваат да траат онолку колку што трае трендот. Но ако нештата од самиот почеток се наменети да бидат корисни и потребни, тогаш тие ќе траат вечно и воопшто нема да е битно дали се кул одреден период или не се.
Во моментов Фејсбук има 1,15 милијарди корисници од кои 699 милиони го користат секојдневно. Најголемата закана му е стагнација, па поради тоа постојано бара нови иновативни програмери и купува помали компании со добри идеи и талентирани луѓе.
Преземено од: Think.mkШефот на најголемата социјална мрежа во светот е уверен дека Фејсбук повеќе не е кул, но и дека тоа е доста позитивно

Пронајдете не на следниве мрежи: