Пркосете им на годините во три едноставни чекори

Сите добро знаеме дека стареењето е природен процес кој сите нé очекува. Но, она што може да го сториме во врска со тоа е да се обидеме, колку што можеме да ги намалиме видливите показатели на нашето лице од овој непосакуван процес.Знаците за стареење на кожата се јавуваат како резултат на оштетениот или намалениот колаген. Како што поминуваат годините и постојаното изложување на сонце доведува до тоа да се оштети на природното лачење на колаген, а уште поинтересно е тоа што без разлика на сонцето, нашиот организам со тек на времето сé помалку го произведува истиот.
За да не трошите пари на скапа козметика, ви нудиме три едноставни чекори со кои ќе и пркосите на староста.
1. Антиоксиданти, здрава храна и витамини
Многупати сте читале како антиоксидантите се вистински еликсир на младоста. Внесувањето на што повеќе овошје и зеленчук во вашата секојдневна исхрана значително ќе го освежи вашето лице. Може да бидете само од корист доколку редовно ги следите советите за здрава исхрана. Зелениот чај, јагодите, како и доматите, се само дел асортиманот кој ви го нуди природата на дланка.
2. Откажете ги цигарите
Лесно е да се каже, тешко е да се направи. Точно, но доколку сакате да си ја задржите еластичноста на кожата на лицето, треба навистина да се потрудите околу ова прашање. Пушењето ги оштетува сите клетки од телото и е научно докажано дека предизвикува заболување од рак. Зарем сакате да имате сува кожа која ќе ве направи да изгледате како 10 години постара? Не веруваме.
3. Ограничете го изложувањето на сонце
Убаво е да поминете квалитетно време на сонце. Добро е за вас и вашето здравје. Но, доколку тоа е претерано, а особено за време на високите температури, штетните зраци од сонцето можат доста да влијаат на вашиот изглед. Точно, ќе бидете задоволни од вашиот тен, но воопшто нема да бидете среќни како ќе изгледа вашата кожа. Затоа, избегнувајте го сонцето кога е најжешко, и применувајте ги советите за здраво сончање. 
М.М.Знаците за стареење на кожата се јавуваат како резултат на оштетениот или намалениот колаген. Како што поминуваат годи

Пронајдете не на следниве мрежи: