Пет знаци дека доаѓате од минатиот живот

Дали можеби понекогаш се прашувате од каде доаѓате, дали постои и некој друг живот од оној кој моментално го живеете?! Овие знаци ќе ви покажат дали вие доаѓате од преходниот живот!
Чести дежа ву искуства
Доколку често ви се случува да забележите дека веќе претходно ви се случила одредена случка или настан, тогаш сте доживеале дежа ву искуство и најверојатно е добар знак дека доаѓате од некој минат живот. Според физиката и тврдењата на научниците постојат одредени делови од нашата личност кои не можат да се заборават, без разлика пред колку време се случиле нештата.
Знаете историја без да вложите многу напор во учењето
Показатели дека доаѓате од некој минат живот се и вашите способности, таленти, предизпозиции или пак нешта во кои не сте воопшто вешти. На пример може да се изненадите кога ќе откриете дека можете многу полесно да научите нови работи за разлика од другите, или пак да сфатите дека ве бива за одредена професија за која не сте ни биле свесни дека може да ја работите истата. Исто така може учењето на некој јазик да ви изгледа толку лесно како да ви е мајчин јазик, или пак одредени пероди од историјата да ви се толку интересни и да се чувствувате како веќе да сте биле дел од тие настани.

Имате срдна душа
Патувањето низ различни животи заедно со сродни души не е нешто невообичаено. Може тоа да бидат сродни души, сродни пријатели или сродни членови од фамилијата. Душите остануваат исти, иако врските кои ги градиме се менуваат низ животите кои поминуваат. Вашиот татко можеби се реинарнирал во ваш брат, па токму затоа врската се сменила, но душите останале исти.
Необјасниви фобии
Од научна гледна точка, одредени фактори предизвикуваат страв без притоа да има јасна причина за тоа. Затоа можеби имате одредени фобии кои не можете да си ги објасните, и покрај тоа што тие не се предизвикани од некакви трауматични случки или настани. Она што може да се прикаже како објаснување е дека во минатиот живот може сте имале некое непријатно искуство кое ја предизвикало фобијата во сегашноста.
Вашите соништа се толку вистински
Може да се тоа некои спомени од минатиот живот, доколку вашите соништа се многу реални, пропратени со интензивни чувства и детали од некој настан од минатиот живот. Спомените од минатиот живот може не се токму спомени, но можеби носат со себе некоја порака која ја интерпретираат преку симболи и метафори во актуелниот сон. 
М.М.

Пронајдете не на следниве мрежи: