Политичар патува по 3.160 км до работа и назад секој ден

Членот на Прогресивната партија на Норвешка, политичарот Пер Сандберг, почна со најекстремната дневна активност. Тој прелетува секој ден 3.160 км од својот дом во Сења, на северот на норвешка до Осло и назад.Сандберг, чија партија е застапник на анти-имигрантската идеја, планира да присуствува на коалициските преговори меѓу четирите десно ориентирани партии од кои се очекува да ја формираат новата партија.
„Го фаќам првиот лет во 6.40 од Бардуфос и потоа го фатам последниот за дома во 20.45 часот”, вели Сандберг за Adressavisen. „Не е многу лесно кога живеете во Сења, но во последно време често отсуствував од дома”.
„Уште повеќе, мојата сопруга неодамна имаше операција и многу е тешко да правиш се сам кога си во гипс”, додава Сандберг.
Пер Сандберг вели дека три недели ќе патува така, додека партиите не ги усогласат своите ставови по однос на неколку тешки прашања како што се дупчење нафта во околината на островите Лофотен, транспортот и имиграцијата.Сандберг, чија партија е застапник на анти-имигрантската идеја, планира да присуствува на коалициските преговори меѓу

Пронајдете не на следниве мрежи: