Шест работи кои треба да ги знаете за вашата долна облека

Во морето од секси и заводлива долна облека, често забораваме да обрнеме внимание на нејзината заштитна функција и до компликациите кои може да ги донесе погрешниот избор.Поголемиот број од  жените се прашуваат дали треба да носат долна облека под растегливите црни панталони. Затоа издвоивме неколку работи кои треба да ги знаете за хигиената на вашата долна облека.

1. Да се носи или не – долна облека?
Изборот е ваш дали ќе носите долна облека, но постојат неколку важни причини кои потврдуваат дека треба да носите.
Бактериите сакаат влажна и топла средина, затоа би било најдобро да носите. Таа апсорбира пот и влага. Материјалот на долната облека е многу важен ако тренирате или одите на фитнес. Одберете материјал кој може повеќе да ја впива потта.

2. Тангата е вашиот непријател
Многу жени сакаат да одат на вежбање во долна облека што ќе им се исцртува под тренерките и затоа користат танга. Ве предупредуваме да размислите за негативните ефекти од нив.
Тангата се обично тесни и додека вежбате се поместуваат напред и назад, па бактериите од анусот можат да стигнат до вагината или до уринарниот тракт. Ова триење и загревање може да доведе до инфекции на уринарниот тракт и вагиналната бактериска инфекција, без оглед на видот на ткаенината.
3. Избегнувајте сатен
Избегнете го сатенот и чипката, бидејќи ниту една од овие ткаенини не дишат, а чипката може да ве гребе и да предизвика иритација. Најдобра ткаенина за вежбање е таа што дише и апсорбира. Памукот е одличен за таа намена, а за движења кои се повторуваат, како на пример кога трчате, купете долна облека со рамни рабови, кои не се абразивни.

Повеќе на: ТЗМ.МКПоголемиот број од  жените се прашуваат дали треба да носат долна облека под растегливите црни панталони. Затоа и

Пронајдете не на следниве мрежи: