Како сами да направите декоративни свеќи?

Доколку посакувате оригинални свеќи за декорирање на просторот во кој престојувате следнава идеја ќе ви биде добредојдена. Свеќите инспирирани од шумските мотиви се одличен начин да внесете пролетна свежина во вашиот дом. За истата цел одберете и етерично масло кое ќе има свежа арома.Еве како да ги направите „шумските“ свеќи во домашни услови!
Потребно ви е:
едноставна стаклена чаша
неколку обични парафински свеќи
етерично масло по желба
зелени исушени листиња од растенија
долго стапче (може и молив)
ножици
лента или конец за декорирање
1. Ги кршиме белите парафински свеќи и го вадиме фитилот. Можете да искористите и парчиња од веќе користени свеќи, а за фитил да земете најобичен не толку тенок конец.
2. Извадениот фитил го приврзуваме на стапчето кое го ставаме врз чашата како што е прикажано подолу на сликата.
3. Зелените листиња ги навлажнуваме со вода и ги прилепуваме на ѕидовите на стаклената чаша.
4.Парчињата од свеќата ги ставаме во метален сад и ги ратопуваме на пареа на оган. Во смесата додаваме неколку капки од етеричното масло. Доколку сакате свежа арома на овие свеќи додадете масло од ментол, еукалиптус, алое вера, чајно дрво…
5. Кога ќе се растопи восокот го промешуваме и додаваме во стаклената чаша и оставаме да се олади. За побрзо ладење можете да ја ставите чашата во фрижидер. По еден час свеќата е готова.
6. Откако ќе го скратите фитилот, чашката може од надворешната страна да ја украсите со панделка од конец по ваш вкус.
 Еве како да ги направите „шумските“ свеќи во домашни услови!
Потребно ви е:

Пронајдете не на следниве мрежи: