Која е најозлогласената жена во историјата?

Ако не е Блоди Мари, тогаш е Елизабет Батхори…Родена во 1560-та година оваа грофица се наоѓа на првото место на листата на најозогласени жени низ историјата.
Родена е во времето кога Унгарија била под Австрија од западна страна и се спремала за војна против Османлиската Империја, како член на најмоќното аристократско семејство во тогашното кралство на Унгарија. Па така и е израсната во атмосфера на суровост и измачување која претставувала нејзино секојдневно доживување, не е ни чудно што подоцна тоа таа ќе го смета за нормално дејствие.На петнаеесет години била омажена за еднакво моќен аристократ –Френсис Надазди. Како поклон за венчавката од Френсис го добила дворецот Кактис, кој тој го наследил од својата мајка.
Елизабет и Франсис ги земале девојките од селото кое се наоѓало под замокот, родителите на овие девојки биле и принудени да ги пратат своите ќерки да им служат на аристократите поради сиромаштијата во која се живееле. За нивна послушност Френсис ја научил Елизабет како да го направи тоа со ѕвезденото измачување. Хартија натопена во масло им ја ставале меѓу ножните прсти кога ќе ја запалеле хартијата девојките од болка гледале ѕвезди. Елизабет ги водела девојките голи во празен дел од замокот и ги одбирала според нивната издржливост, едноставно сакала да ужива во нивните врисоци.
Кога една од девојките била обвинета за гражба во замокот, Елизабет со пламен загреала паричка додека не побели па и ја притиснала во раката на девојката.Нејзината моќ доаѓа до израз кога ни црквата не можела ништо да направи и покрај гласините кои ги слушала од страна на народот кој говорел за мистериозноста на девојките кои исчезнуваат откако ќе почнат да работат за Грофицата.
Но, овие измачувања ќе станат драстични по смртта на нејзиниот сопруг. Слушајќи ги врисоците кои доаѓаат од замокот, а не знаејќи што точно се случува тамо, луѓето почнале да се плашат само штом ќе и го слушнеле името.Според писмени докази од нејзиното судење во 1611 година, се вели дека Елизабет е виновна за смртта на 650 млади девојки кои и биле слугинки.
Според Проф. Рејмонд Мекнели постоеле две можни причини за тоа што Елизабет го правела. Првата е дека според нејзиното расудување дека само ги дисциплинира своите слугинки, а втората се однесува на нејзиното стареење и љубомората кон девојките кои биле млади и убави. Таа била опседната со својата нарцисоидност за сопствениот изгледот.
Со текот на нејзиото стареење и опсесијата која ја имала, сведоците од нејзиото судење се изјасниле дека таа дури и ја пиела крвта на своите жртви, мислејќи дека нивната млада крв ќе ја зачува нејзината убавина.
Дури откако бројот на жртвите се зголемил над стотици и немајќи место да ги закопа, некои тела ги чувала под сопствениот кревет, се додека собата не почнала ужасно да мириса. Во своја одбрана Елизабет рекла дека девојките умреле од болест и несреќен случај.
Крајот за Грофицата Дракула бил кога Кралот Матијас II ги слушнал гласините, и пратил неколку луѓе во нејзиниот замок. Тамо биле пронајдени неколку мртви девојки, неколку повредени, а некои биле и затворени во кафез.
Поради опшествениот статус не и била изведена пред суд, но и била изречен домашен притвор, во мала соба на замокот, се до нејзина смрт.Умрела во 1614 година. Болеста на човековиот ум води до психопатско нарушување на самата личност, опсесивно измачување на сопственот дух, ментално пореметување на психата и на крајот секако следува смрт…
Автор: Елена АндоновскаРодена во 1560-та година оваа грофица се наоѓа на првото место на листата на најозогласени жени низ историјата.
Родена е во времето кога Ун

Пронајдете не на следниве мрежи: