5 типови мажи на плажа кои сите ги нервираат

Многумина од нас едвај го дочекаа летото за да можат преку очилата за сонце да ги меркаат момците на плажа, но сепак мора да признаеме дека некои од нив сепак се неподносливи.
Ова се 5-те иритирачки типови кои може да ги сретнете на плажа.
1. Господин меѓуножје
Тоа е оној фраер кој пред цела плажа постојано се фаќа за меѓуножјето и секогаш носи мали гаќи за се да може подобро да се види.

2. Мисер мускуло
Фраери кои демек “случајно” на плажа изведуваат склекови и стомачни за на девојките да им покажат дека се “супер плен”.

3. Јазичар кој го прескокнал англискиот
Овој тип не знае англиски, ниту било кој друг странски јазик, но со девојките од странство се дере на уво на македонски за “подобро да го разберат”.

4.Фраер – лепенка
Тој има свое друштво, но едноставно чувствува дека подобро припаѓа на вашето женско друштво. Не сфаќа што значи вашето вртење со очи и упорно продолжува да седи вашата крпа.

5.Господин на ниво
Со својот џип уште да се паркира на плажа, а сега прави галама по цела плажа за сите колку е можно подобро да ја видат неговата девојка манекенка.

Извор: Интересно.мкМногумина од нас едвај го дочекаа летото за да можат преку очилата за сонце да ги меркаат момците на плажа, но сепак м

Пронајдете не на следниве мрежи: