Во Кувајт заработуваат преку Инстаграм

Во Кувајт Инстаграм не се користи само за разубавување на фотографиите, туку и за бизнис. Сé она кое ќе го објавите и на него ќе ставите цена, можете најнормално и да го продадете.
На ова место Инстаграм стана нешто повеќе од едноставен сервис за споделување на фотографии, бидејќи тамошните жители, со помош на оваа платформа продаваат разни работи. Кувајт е чуден микс на супер богата земја, која во основа е уште социјално структурирана, но со супер неолиберална потрошувачка економија.
Уметничката Фатима Ал Кадири, која порасна во Кувајт, објаснува зошто Инстаграм стана хит платформа во оваа земја. „Ние консумираме огромни количини од сé и сешто. Инстаграм бизнисот стана голема појава во Кувајт“, вели таа.
„Ако имате корисничка сметка на Инстаграм, можете да залепите цена на било што, да го фотографирате предметот и да го продадете преку сервисот. На пример, можете да ја земете оваа конзерва, да ја обоите со розова боја, да ставите срце на неа, да го именувате тоа како производ и да го ставите на продажба. Дури и мојата баба има Инстаграм бизнис. Продава сушено овошје преку фото платформата“, продолжува Ал Кадири.
Во стварност, Инстаграм уште нема бизнис модел. Можеби овој кој се користи во Кувајт, не би успеал во остатокот од светот, но е добра алтернатива за традиционалната продажба по пат на огласување.Во Кувајт Инстаграм не се користи само за разубавување на фотографиите, туку и за бизнис. Сé она кое ќе го обја

Пронајдете не на следниве мрежи: