На што најмногу се воодушевуваат туристите во Скопје?

Скопје се повеќе наликува на светска метропола, поради секојдневното зголемување на туристите во градот. Туристи во Скопје доаѓаат од целиот свет, а најбројни се  КИнезите и Јапонците кои откако го виделе видеото за убавата Македонија на Си Ен Ен, станале љубопитни за убавините на нашата земја, а пред се за нашиот главен град.
Со проектот Скопје 2014, градот добива уште поубава слика, посебно поради новите градби како што се Народниот театар,  Музејот на ВМРО, Мостот на уметноста, Мостот Око, новата зграда на министерството за надворешни работа и многу други.
Откако прашавме неколку туристи на која градба во Скопје најмногу и се воодушевуваат, повеќето ја посочија зградата на Министерството за надворешни работи, а од спомениците рекорден број го посочија воинот на коњ.
На прашањето кој дел од центарот на градот најмногу им се допаѓа и уживале во глетката, повеќето од групата туристи го посочи Кејот на Вардар, посебно делот кај кафулињата и рестораните, кои имаат посебна убавина со Мостот Око  и Мостот на уметноста. Сепак некои од нив посочија дека на мостовите имаат премногу статуии кои се премногу набутани една до друга.
Сепак, секој од туристите ужива во турата низ нашиот главен град и многумина од нив се подготвени да се вратат повторно и да уживаат во убавините и услугите кои ги нуди Скопје. Скопје се повеќе наликува на светска метропола, поради секојдневното зголемување на туристите во градот. Туристи во Ск

Пронајдете не на следниве мрежи: