Со оглед на цифрата спомената во насловот, ситуацијата кај нас и степенот на невработеност, сигурно веднаш погодивте дека не станува збор за работа во Македонија.
Сè повеќе луѓе заминуваат во странство барајќи работа која ќе им донесе поголема заработувачка. А, кои се тие места и таа работа кои ќе ви обезбедат 100,000 евра годишно?
Ловец на краби, добро позната работа кај нас поради емисијата „Deadliest Catch”. Ова е една од најопасните , но најисплатливите работи во целиот свет. Ќе треба да работите 24 часа, постојано да се борите со 15-метарски ледени бранови, физичка работа и ветар со брзина од 130 км на час.
Кој е спремен да го ризикува животот, а ризикот е дефинитивно висок, поточно на 10,000 морнари погинуваат 300, ќе заработи околу 40 милиони долари.
Лов и риболов на островот Свалбард, поточно на Арктикот е познато како работа на сурова студ, но работа која носи околу 60,000 евра на годишно ниво. Таму ќе се бавите со лов, риболов и туризам, а за да стигнете до таму не ви е потребна ниту виза, ниту работничка дозвола, а единствен влез на овој остров е преку Норвешка.
Работа во Германија. Не станува збор ниту за работа на студ, ниту пак за работа на брод или онаква што вклучува краби. Во следните 30 години во Германија ќе има недостаток од помеѓу 300,000 и 500,000 работници годишно и на Германија итно и требаат стручни лица, најпрво од полето на информатиката и инженерството, како и лекари и негувателки.
Доколку не припаѓате на овој вид на работници, во Германија секогаш можете да заработите многу за физичка работа, во секој случај многу повеќе од кај нас.
Работа во Азербеџан, Ирак и Авганистан. Во Азербеџан во последно време се бараат голем број на молери и ѕидари, додека во Ирак и Авганистан би работеле како кувари, во складиште или во превоз на роба. Во овие места ќе потпишете договор на една година и за тоа ќе добиете плата од 3,000 долари.
Работа во Танзанија. Иако Танзанија се смета за сиромашна земја во последно време водечките светски компании решија да инвестираат во оваа земја и во неа да отворат свои претставништва. Најбарани работници се Европејци. Една од работите што може да ја работите во Танзанија е да работите во казино за што би биле платени помеѓу 2,000 и 3,000 долари.
И уште нешто за крај, со малку среќа и без завршен факултет во странство можете да наидете на многу интересни работи како дегустатор на чоколада, испитаник за тестирање на медицинска марихуана, тестирање на видео игри, тестирање на луксузни кревети…
Која работа и заработувачка би ја избрале вие?Со оглед на цифрата спомената во насловот, ситуацијата кај нас и степенот на невработеност, сигурно веднаш погодивте д



