Како изгледа кога ќе се судрат две галаксии?

Една од работите што научниците ја научија од астрономијата во минатиот век, е дека галаксиите може да се судрат.
Галаксија претставува неверојатен простор со колекција на десетици или стотици милијарди самогравитирачки ѕвезди, гасни облаци доволно големи за да создадат милијарди нови ѕвезди, а сето ова се протега на 100.000 светлосни години.
Галаксиите сами по себе се неверојатни, со речиси непоимлива структура. Сепак, кога ќе дознаете дека тие може да се свиткаат на страна и физички да се судрат со исто такво чудовиште, тоа е навистина тешко да се сфати.
Сепак, овие судири се случуваат и тоа често. И кога тоа ќе се случи, резултатот е нешто премногу убаво.

Ова се ЕСО 1327-2041, неколку галаксии кои се судираат, на растојание од 240 милиони светлосни години од Земјата, снимени од телескопот Хабл.
Во одреден момент, пред неколку милиони години, двете галаксии се разминале, кружеле една околу друга, а потоа се судриле.
Кога галаксиите се судираат, чудни работи се случуваат. Како што се приближуваат една до друга, ефектот на гравитацијата може да ги промени или издолжи, а огромните многубројни ѕвезди може да бидат извлечени или исфрлени од нив.
Благодарение на вниманието од научниците кои ја набљудувале снимката од телескопот Хабл, ние сега имаме можност да уживаме во овој голем настан кој лесно можел да помине незабележано, бидејќи истражувачите во видеото барале нешто друго, а за судирот во далечината се мислело дека тоа е само уште една галаксија.
извор: denesen.mkЕдна од работите што научниците ја научија од астрономијата во минатиот век, е дека галаксиите може да се судрат.

Пронајдете не на следниве мрежи: