Чевлите откриваат каков маж е

Иако облеката не го прави човекот, начинот на кој се облекуваме може да каже многу за нашиот карактер.
Тоа важи и за припадниците на двата пола, но бидејќи мажите се облекуваат многу поедноставно, полесно е да се протолкува нивниот карактер преку начинот на облекување.
Следниот пат кога ќе бидете во потрага по момче, убаво погледнете во неговите чевли. А ќе ги протолкувате на следниот начин:
Елегантни чевли

Доколку тој носи едноставни и елегантни чевли станува збор за елегантен и бизнис маж кој знае што сака. Ако неговите чевли паѓаат во очи и имаат многу детали станува збор за „фаца во градот“ со кој треба особено да внимавате.
Мокасини

Овој тип на момче знае сѐ во врска со работа и задоволство, а понекогаш знае и да ги искомбинира и двете. Шармантен е, заводлив и знае како да ве заведе.
Апостолки

Доколку вие сте темпераментна личност, не го очекувајте тоа и од него. Тој е смирено, „casual” момче што не се замара со детали и не се оптеретува со неважни работи.
Тренди патики

Чувајте се од овие момчиња. Што помодерни патики носи, толку е позајадлив.
Старки

Станува збор за боем или уметник. Доколку носи бели или црни старки тој некогаш бил права „фаца“, но морал да порасне. Доколку носи розови, зелени или лилакови станува збор за фолирант.
Спортски патики

Тој е целосно опуштен тип на кој удобноста му е најбитна од сѐ. Доколку патиките секогаш ги носи во комбинација со спортска облека тој е кул и не се вознемирува лесно. Доколку ги комбинира со одело, панталони или фармерки внимателно со него, или е многу мрзелив или е едноставно незаинтересиран за ништо повеќе од ТВ и компјутер.
Сандали

Тој е добро момче кое воопшто не се грижи за трендови. Но, доколку сандалите ги носи со чорапи, бегајте што подалеку од него.Иако облеката не го прави човекот, начинот на кој се облекуваме може да каже многу за нашиот карактер.

Пронајдете не на следниве мрежи: