Дознајте како ќе изгледате по 10 години консумирање алкохол

Сакате да видите каков ефект врз вашето лице и вашиот изглед има количината на алкохол, која дневно ја консумирате? – Сега тоа можете да го сторите со помош на апликацијата Дринкинг Мирор.
Апликацијата е достапна и бесплатна и на андроидите и на ајфоните, а претходно годинава беше создадена како дел од кампањата на шкотската Влада во борбата против алкохолизмот меѓу жените, Drop a Glass Size.
Таа ви овозможува да се фотографирате, да впишете дневно во просек по колку алкохолни пијалоци внесувате, а потоа да видите како ќе изгледате за десет години.
Иако во некои случаи резултатот може да биде малку претеран, ова во секој случај е добра тактика за намалување на количината на внесен алкохол, кај оние кои многу пијат.
Врската меѓу здравјето и алкохолот не е сосема јасна, особено доколку се земат предвид истражувањата во кои се тврди дека во мали количини алкохолот е добар за здравјето. Дерматолозите, пак, тврдат дека испуканите капилари немаат врска со пиењето, но никој не порекнува дека поради премногу алкохол кожата може да дехидрира и да биде уморна.
Доколку сте љубопитни, и сакате да дознаете како ќе изгледате по 10 години, пресметајте колку алкохол дневно внесувате во организмот, и почнете да се фотографирате!Сакате да видите каков ефект врз вашето лице и вашиот изглед има количината на алкохол, која дневно ја консумирате? &n

Пронајдете не на следниве мрежи: