Зад картите се кријат вистински ликови- кралот детелинка го претставува Александар Велики

Денес користиме шпил од 52 карти. Имено, овие карти потекнуваат од француските карти кои датираат од 15 век.
Картите со четири знаци, односно детелина, лист, баклава и срце се користеле во цела Европа.
А во минатото на картите пишувало и кому му припаѓаат.
Па така, кралот срце го претставува Карло Велики (742-814), познатиот француски крал крунисан во 800 година. Додека дамата срце е неговата убава вдовица Џудит, библиска личност која ја користела својата убавина и итрина да ја отсече главата на асирскиот војсководец Холоферн.Џандарот срце е Ла Ир, соборец на Јованка Орлеанка (1412 – 1431).
Кралот баклава е Јулиј Цезар (100-44 п.н.е) римски војсководец. Дамата баклава е Рахила, втората жена на пророкот Јаков и мајка на Јосеф и Венјамин.Џандарот баклава е грчкиот херој Хектор, син на тројнскиот крал Пријам и Ахиловиот соперник, овековечен во Хомеровата „Илијада“.
Кралот детелина е Александар Велики (356-323), македонскиот крал и познат освојувач кој го создал царството кое се простирало од Грција до Индија.Дамата детелина е Аргина, а тоа може да биде и анаграм од зборовите регина (лат. кралица) или искривен облик на името Аргеа, како што се нарекувала митолошката принцеза од Арга.Џандарот детелина е Јуда Макавејски, херој од еврејската побуна против владеењето на Селеукида (1 века п.н.е).
Кралот лист е израелскиот крал Давид (10 век п.н.е.), јунак кој го убил Голијат а пак дамата лист е Атена, грчката божица на мудроста. Џандарот лист е Холгар Дански, личност од данската епска поезија.Денес користиме шпил од 52 карти. Имено, овие карти потекнуваат од француските карти кои датираат од 15 век.

Пронајдете не на следниве мрежи: