Forbes објави која е најславна и најмоќна жена во светот

Американскиот магазин Forbes објави која е најмоќна и најславна жена во светот. 
Според магазинот по петти пат на врвот на оваа листа се најде водителката Опра Винфри.
Таа минатата година заработила 77 милиони американски долари и иако е на листата на најславни и најмоќни личности во светот, сепак не е на врвот на листата на личности со највисоко богатство. На врвот на таа листа се најде Мадона, која во периодот од 2012/2013-та година заработила 125 милиони долари. 
Покрај Винфри, меѓу лидерите според своето влијание се вброени и пејачките Лејди Гага, Мадона и Бијонсе, како и режисерот Стивен Спилберг, додека минатогодишната лидерка на оваа листа, американската поп дива Џенифер Лопез годинава падна на 12-то место.
Опра Винфри стана славна во 1986 година откако започна емитувањето на нејзиното телевизиско шоу коешто стекна неверојатна популарност.
Во мај 2011 година, Винфри го прекина емитувањето на шоуто и се посвети на развивањето на сопствениот телевизиски канал Oprah Winfrey Network. Покрај тоа, Винфри се јавува и како издавач на списанието Oprah Magazine попознато како „О”, а исто така во нејзина сопственост е и сателитската радио станица Oprah Radio.Американскиот магазин Forbes објави која е најмоќна и најславна жена во светот. 

Пронајдете не на следниве мрежи: