Фото: Девојче од Велика Британија со најдолга коса

Осум годишната Бодана Стотска од Велика Британија е вистинска атракција бидејки има најдолга коса во земјата.

Нејзината коса е долга речиси 1 метар, а потребно и е половина час дневно за да ја исчешла со помош на нејзината мајка Олга.
„Ја обожавам мојата коса. Моите другарки постојано ми велат дека би сакале да имаат ваква коса, а момчињата ми даваат комплименти“, вели Бодана.

Мајката на Бодана, Олга вели дека отсекогаш си ја замислувала ќерка си со долга коса. Кога Бодана имала три години, сакале да и ја скратат косата, но таа не давала.
Малата Бодана косата ја мие еднаш неделно со шампон за зајакнување на влакното.
Нејзина цел е да ја стигне Ши Кипинг од Кина, чија коса е долга 5,5 метри.Осум годишната Бодана Стотска од Велика Британија е вистинска атракција бидејки има најдолга коса во земјата.

Пронајдете не на следниве мрежи: