Стручно усовршување за мажи

Настава за мажи во локалниот Центар за рекреација – уписите се во тек. Заради комплексноста и тежината на содржините, секој курс поединечно може да биде посетен од најмногу осум членови.Час 1: Како да наполните сад за мраз. Чекор по чекор, презентација со слајдови.Час 2: Тоалетна хартија: дали таа расте на држачот? Дискусија на тркалезна маса.Час 3: Дали е можно да се уринира користејќи техники како подигнување на капакот, избегнување на подот, ѕидовите и соседните санитарии? Групна вежба.Час 4: Фундаменталните разлики меѓу корпата за валкани алишта и подот. Фотографии и цртежи со објаснувања.Час 5: Садовите по вечерата – дали левитираат или треба да ги ставиме во машина за садови или да ги измиеме? Пример – видео секвенца во АВИ формат.Час 6: Губење на идентитетот: одрекување од далечинскиот управувач заради жена. Потешко ниво: одрекување од далечинскиот управувач заради сопствената жена. Хот-лајн за помош и групи за поддршка. Напреден курс: одрекување од далечинскиот управувач заради сопствената жена кога има фудбал. Час 7: Напреден интензивен курс: Одрекување од гледање фудбал пред телевизор заради вечерно излегување со жената, гости или пријатели. Обезбедена стручна психијатриска помош и лекарства за смирување.Час 8: Утврдување и усовршување на час 7. Тестирање на издржливоста во присуство на партнерката. Забрането одење кај нејзината мајка.Час 9: Како да се најдат работите со барање на вистинското место, наместо со испревртување се` наопаку. Отворена дискусија.Час 10: Вистинскиот маж прашува за правец кога се изгубил во сообраќајот. Сведоштва од реалниот живот.Час 11: Дали е од генетски причини невозможно да молчиме додека таа ја паркира колата вдолж? Симулација на нејзиното возење.Час 12: Учиме да живееме: основните разлики помеѓу мајка и сопруга. Студија на разни случаи.Час 13: Како да бидам идеално друштво за шопинг? Вежби за опуштање, медитации итехники на дишење.Час 14: Како да се бориме против склероза: помнење родендени, годишнини, други важни датуми и јавување по телефон кога доцниме. Се нуди терапија со церебрален сок и потполна лоботомија.По завршувањето на курсот, преживеаните ќе добијат дипломи.Настава за мажи во локалниот Центар за рекреација – уписите се во тек. Заради комплексноста и тежината на содржините,

Пронајдете не на следниве мрежи: