Маријан Купер (57) од Бирмингем целиот свој живот се занимавала со заштита на животните, а токму едно од нив и го спасило живот.
Да не беше нејзиниот шестгодишен мопс Фло, кој го вдомила, никогаш немаше да открие дека има рак на дојка.
Според порталот nydailynews.com, кучето ја “намирисало” и ја предупредило сопственичката дека нешто не е во ред.
“Колку и да сакав да ја спуштам на подот, таа со сите сили се обидуваше да се искачи назад. Одкако ќе се искачеше со носот ја поттурнуваше мојата десна града”, рече сопственичката.
Таа сфатила дека кучето сакало нешто да и каже. Откако сама се прегледала открила дека има грутка и отишла на лекар. Се покажало дека имала тумор кој влегол во третата фаза, во која неговото ширење се забрзува. Благодарение на Фло била оперирана и го спасила нејзиниот живот.
“Таа не може да го разбере она што го направи за мене. Јас не сум сигурна како го пронајде ракот и никогаш нема да бидам во можност да и се заблагодарам доволно”, вели сопственичката.Маријан Купер (57) од Бирмингем целиот свој живот се занимавала со заштита на животните, а токму едно од нив и го спас