четврток, 12 ноември 2026
Најново

Украдени рогови од носорог вредни три милиона долари

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Крадци украле 66 рогови од носорог чијашто вкупна вредност се проценува на три милиона американски долари од една фарма во природен резерват во Јужноафриканската Република,Израстоците биле отстранети од живи носорози во резерватот Лешока Табанг во северниот дел од Јужноафриканската Република, за овие животни на тој начин да не станат плен на ловокрадците коишто ги убиваат поради роговите, пишува Reuters.Роговите од носорози имаат висока цена на нелегалниот пазар во југоисточна Азија, особено во Виетнам, поради традиционалното верување дека имаат изразено лековити својства и моќи. Тоа верување, секако, нема никаква научна потврда, но растот на побарувачката доведе тоа цената на килограм рогови да достигне до 65 илјади американски долари, што е повисока од цената на златото.„Во моите раце роговите не вредат ништо, но во рацете на криумчарите претставуваат вистинска драгоценост“, вели за агенцијата Јохан фан Зил, сопственик на фармата од којашто се украден роговите.Украдените рогово, според фан Зил, тежат околу 42 килограми, што значи дека во моментов на илегалниот виетнамски пазар нивната вредност изнесува околу 2,75 милиони американски долари.Фан Зил има дозвола од јужноафриканските власти од носорозите да ги отстранува нивните рогови и потоа да ги складира во сеф на неговата фарма. Ваквите рогови мора да бидат регистрирани и не смеат да се продаваат. Носорозите без рогови не се привлечни за ловокрадците, па оттаму практиката на нивно отстранување од живите примероци се практикува во повеќе јужноафрикански природни резервати.Полицијата отворила истрага, а се претпоставува дека крадците во текот на ноќта провалиле на фамата и со апарат за заварување го отвориле сефот.Минатата година во Јужноафриканската Република од страна на ловокрадците биле убиени 660 носорози, па затоа во некои делови од земјата резерватите се чуваат со војници.Роговите од носорогот, инаку, се составен дел и на древната народна кинеска медицина. Со векови наназад Кинезите сметаат дека се лековити при многу состојби и заболувања, од мамурлак, преку реума, па до карцином.
МакфаксКрадци украле 66 рогови од носорог чијашто вкупна вредност се проценува на три милиона американски долари од една фарм

Поврзани вести