Не сакате да идете на работа, ви требаат слободни денови, а веќе сте ги искористиле, па почнувате да измислувате најразлични лаги, само за да земете слободни денови од работа.
Но, некогаш лагите излегуваат од контрола. Една Британка го лажела својот шеф дека нејзиниот татко, мајка, чичко, тетка, брат и бивши маж и починале само за да земе слободен ден од работа.
Таа поради големиот број „смртни случаи“ во семејството, успеала да добие 66 слободни денови од работа. Но, на секоја лага и се кратки нозете, па нејзиниот шеф сосема случајно го сретнал поранешниот сопруг на Британката.
Откако установиле дека сето тоа е лага, Британката е отпуштена од работа.
Оваа жена е пример за тоа на што се подготвени луѓето за да си обезбедат слободни денови и да не мора да одат на работа, да се трудат и да заработуваат, а со тоа да бидат посреќни и посамоуверени.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Не сакате да идете на работа, ви требаат слободни денови, а веќе сте ги искористиле, па почнувате да измислувате најра



