За многумина можеби социјалните мрежи се место за опуштање, место каде може да прочитаат некоја интересна вест, статус, да дознаат некоја нова песна или да видат нова фотографија на своите пријатели.
Но, дали сите сме исти на Фејсбук и во реалноста? Дали сите исто разговараме кога сме пред нашиот компјутер и се допишуваме со некој и кога сме пред личноста и ја гледаме право во очи додека разговараме?
Одговорот е дефинитивно не. Поголемиот број Македонци, едноставно не се исти кога се на Фејсбук и во реалноста. На пример, машките сосема поразлично се додворуваат на девојки кога и пишуваат на чат или кога ќе ги видат во некое кафуле или дискотека.
Тие најчесто знаат да се направат фраери додека и пишуваат коментари и ставаат лајкови на Фејсбук или и пишуваат на чат. Додека пак, кога ќе дојде момент да се запознаат во реалноста, тие стануваат срамежливи и повлечени, па незнаат како да ја шармираат девојката со зборови, како што можеле преку Фејсбук.
Девојките пак, се секогаш ралични на Фејсбук и во реалноста. На пример, најчесто тие ставаат најубави фотографии на профил од себе, а кога ќе ги видиш во живо, не се нималку слични од тоа што си го видел на фотографијата, па кај машките тоа најчесто буди револт и разочарување.
Друг пример кај девојките е што преку својот профил сакаат да прикажат пред очите на другите дека се секогаш весели и насмеани, а во себе се тажни, разочарани и сакаат да избегаат некаде далеку. Или сакаат да се покажат храбри откако ќе раскинат со дечкото што го сакаат, па веднаш постираат статуси и песни дека нив им е многу убаво, дека се слободни и среќни, го преболеле бившиот и слично.
Дали е навистина неопходно да бидеме нешто што не сме кога сме на Фејсбук? Дали навистина многумина мислат дека ќе побегнат од себе си и од тоа што навистина се како личности, доколку глумат нешто што не се преку своите Фејсбук профили?
Секој понекогаш сака да избега од себе си и да биде некој друг, можеби некој подобар. Но, вистината секогаш излегува на виделина, па најубаво би било да си расчистите со себе си и своите лични „демони“ и да бидете она што навистина сте и преку вашиот Фејсбук профил, а и во реалноста.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
За многумина можеби социјалните мрежи се место за опуштање, место каде може да прочитаат некоја интересна вест, статус