Принцот Вилијам со хеликоптер ќе спасува Британци

Британскиот принц Вилијам, почна да работи како пилот за потрага и спасување, а како што изгледа неговиот работен ден Британците ќе можат да го видат во новата ТВ серија „Helicopter Rescue“.Ова е прва емисија која ќе покаже како работи посадата на Royal Air Force (Кралските воздушни сили), која спасува животи, а чиј член е и принцот.Екипата на BBC ги следеше воздухопловните сили на Британија во Валеј кај Англеси, каде е сместена базата на принцот и базата на кралската морнарица во Девон.Во една епизода посадата на Си Кинг (Sea King) е повикана на помош кај каменоломот во Блејн Фестинг. Локално момче паднало од стариот железен мост на карпа.Вилијам ја објаснува својата улога кога ќе стигне повикот:„Како капетан се обидувате да го испланирате целото спасување, да го замислите патот до спасувањето и назад, сте ги предвиделе сите околности и проблеми со кои може да се сретнете и се обидувате да ги поправите пред да полетате“.Минатата година на подрачјето на велс завршени се 566 акции, што ги смести нив во служите со најмногу работа во Британија, а имаа повеќе од 470 акции на спасување.Членовите на посадата на Royal Air Force имаат голема улога, често се под притисок затоа што од нив зависи нечиј живот, но принцот вели дека се горди што се членови токму на тој тим.„Нема подобро чувство отколку кога ќе направите нешто добро и спасите нечиј живот. Мислам дека нема подобар повик во животот… отколку кога ќе го видите лицето на детето кога ќе им ја спасите мајката или таткото од работ на смртта. Тоа е многу моќно чувство“, вели Вилијам.На оваа должност Вилијам е од септември оваа година, а на 8 април, емисијата ќе почне да се прикажува на телевизија.
МакфаксБританскиот принц Вилијам, почна да работи како пилот за потрага и спасување, а како што изгледа неговиот работен ден

Пронајдете не на следниве мрежи: