Кралскиот колеџ од Лондон бара меѓу своите студенти доброволци кои ќе бидат дел од клиничко тестирање на кокаин. Професорите бараат студенти кои ќе шмркаат кокаин со цел да помогнат за ова истражување. Волонтерите треба да бидат здрави мажи, на возраст од 25 до 40 години, кои никогаш до сега не ја користеле или барем еднаш пробале оваа дрога. Волонтерите не смеат да ја шишаат или бојадисуваат својата коса за време на 120 дневното тестирање. Тестирањето ќе биде платено.
„По внесувањето на кокаинот во телото, ќе бидат извршени низа тестови на урината, крвта, косата, плунката и потта на волонтерите, а ќе се испитува и метаболизмот на телото. Целта е да дознаеме како се движи кокаинот во телото, а за истражувањето добивме потврда и одобрение од релевантни институции“ – вели еден од професорите кои ќе го спроведуваат истражувањето.
Кралскиот колеџ во Лондон има повеќе од 18.000 студенти и е рангиран на 12 место на листата на најдобри универзитети во Европа.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Кралскиот колеџ од Лондон бара меѓу своите студенти доброволци кои ќе бидат дел од клиничко тестирање на кокаин. Професорите бараат студенти кои ќе