Резултат на најновите истражувања на сајтот CareerBuilder е дека 40 % од популацијата од 18 до 34 години живеат од плата до плата, а од тие 40 % најголем дел се жени. Сите знаеме дека штедењето е забавно исто како кога одите на стоматолог, па затоа еве неколку експертски совети како да заштедиме, а да не се одречеме од некои важни работи кои живот значат.
Разменете си облека со пријателкитеВи текнува на кошулата која си ја купивте пред неколку месеци, онаа која ја облековте само еднаш и потоа од некои причини не ви стоеше како што треба? Е па и вашите пријателки имаат такви парчиња кои повеќе не ги носат. Тоа е добра причина да организирате размена на гардероба, а еве како таа функционира: секој си зема еден куп облека од која сака да се ослободи и тргувате помеѓу себе,па може и одлично да се забавувате.
Групен шопингАко имате блиски пријателки и сите заедно имате ист вкус и ист конфекциски број, размислете за можноста сите заедно да дадете пари за да купите некое многу добро и скапо парче облека, кои во текот на сезоната ќе можете сите да го поносите.
Издвоете малку париИако не можете да се пофалите со висока плата, , секогаш издвоете еден мал дел од своите примања и ставете го на посебна сметка. На пример, од секоја плата одвоете по 1000 денари. Можеби ви звучи неверојатно, но вистинито е – таа сума нема воопшто да ви недостасува, а притоа ќе заштедите пристојна сума за шопинг.
Имајте почит кон сопствената гардеробаШто побрзо ви се потроши гардеробата, тоа побрзо ќе треба да ја замените, па за да го избегнете тоа, пробајте некој од следниве трикови:Парчињата облека со патент, перете ги закопчани, за да не ви ја уништи другата облека која се наоѓа во машината за перење. Работите чувајте ги на полици, тоа е подобро од колку на закачалка, затоа што од висењето кожата и некои други материјали можат да се развлечат. Црните работи, перете ги минимум по второто носење, освен ако навистина се валкани.
Потрошете пари за нешто поголемо
Пронајдете начин да заштедите на долг рок. На пример, доколку опасно сте зависни од еспресото кое толку добро ви го приготвуваат во омиленото кафуле, можеби е поефтино да си купите квалитетен апарат за еспресо и така да уживате во омиленото кафе во удобноста на вашиот дом.
Купувајте паметноГолем дел од продавниците ставаат неверојатни попусти на своите производи, но при крајот на сезоната, затоа што прават место за новата колекција која би требало да пристигне. А голем дел од таа облека на распродажба би можеле да ја носите и наредната сезона. На пример, некое летно фустанче ( не премногу ), може да се искомбинира и зимно време со капут кој ќе му одговара и со подебели хеланки.
Постојано потсетувајте сеМожеби изгледа смешно, но ставањето потсетник во вашиот паричник ќе ви помогне. Штом го отворите паричникот, на мало ливче хартија нека пишува “Продолжи да штедиш за автомобилот од твоите соништа!” или што и да имате намера да купите.
Заштедете и на излегувањатаМожеби и вистина можете да си дозволите само еден ден за излегување во неделата, така да тоа зацртајте си го како цел и држете се до тоа. Ако несакате да го сведете на минимум, тогаш мешајте ги пијачките со кисела вода, така ќе заштедите, а нема ни да претерате со алкохолот и да направите некои работи за кои следното утро би се зажалиле.
Извор: lady.mkРезултат на најновите истражувања на сајтот CareerBuilder е дека 40 % од популацијата од 18 до 34 години живеат од плата до плата, а од тие 40 % на