Иран лансираше мајмун во вселената

Иран во понеделник успешно лансираше жив мајмун во вселената и го врати на земјата, со што докажа напредок во развојот на вселенската програма.Западот и Израел засега не се огласија во врска со овој настан, но агенцијата Фарс пренесува дека мајмунот е испратен во вселената со ракета кавошгар.

Таа достигнала височина од 120 километри и својот „товар го вратила недопрен“.
Иран уште во 2011 година најави план за испраќање мајмун во вселената, но првиот обид заврши без успех.

Западните земји се загрижени дека балистичката технологија со долг дострел што се користеше за испраќање на иранскиот сателит во орбита може да се користи за лансирање на атомски боеви глави.

Техеран ги негира таквите наводи и тврди дека нивната нуклеарна програма не е за воени цели. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: