Како се градеше Ајфеловата кула

Неколку француски стручни лица направија видео, кое за прв пат во 3Д-техника покажува како се градела Ајфеловата кула и како излгедал Париз во времето на Светската изложба од 1889-та година.
Филмот, режиран од тимот на компанијата „Дасолт Системс“, предводен од Мехди Тајобу е неверојатно прецизен. Сите објекти се прикажани детално и во реална големина. За таа цел се користеле документи како што се плановите за градба, зачувани во архива во Франција како и консултации со бројнии докажани историчари.
Жан-Марк Лери, директорот на музејот „Карневале“ и учесник во реконструкцијата, вели дека новата визуелизација во висок степен му ги изменила гледиштата на историските случувања. Тој изрази огромна гордост и среќа што е дел од ваков проект.
Авторите на филмот велат дека нема причина за сомнеж во веродостојноста на истиот. За се да биде совршено, некои објекти биле реконструирани во многу подолг временски период од планираниот.
Следната цел им била да создадат уште подетална верзија која ќе вклучи бројни моменти од секојдневието.
 

Пронајдете не на следниве мрежи: