Знаете ли како ќе изгледате за 10 години доколку пиете алкохол?

Одговорот на прашањето кое го постави шкотската Влада, дали алкохолот предизвикува побрзо стареење, не беше многу охрабрувачки.
Како што објавува Дејли Њуз, јавната кампања „Здрава Шкотска“ објавила апарат кој симулира ефект на стареење предизвикан од алкохолот.
Таканареченото „огледало на алкохолот“ е достапно како веб или апликација на smart phone која овозможува корисникот да вметне своја слика и количество на алкохол кое го консумира во текот на една седмица. Притоа ќе добие фотографија на која ќе види како би изгледал после 10 години, доколку продолжи да го внесува истото количество алкохол.
Оние кои не пијат не забележуваат значителни промени, но оние кои пијат имаат брчки, премногу црвени образи и менување на конструкцијата на телото.
Сепак тука се мисли на внесување поголемо количество алкохол, а не она стандардното, односно неколку чашки неделно кои ги внесуваме на прослави, излегувања или за своја душа.
Со оглед на ситуацијата во Шкотска, Владата би била пресреќна доколку успее да ги оттргне граѓаните од алкохолот, барем на два дена.Одговорот на прашањето кое го постави шкотската Влада, д

Пронајдете не на следниве мрежи: