Не постои маж кој не гледал порно

Истражувањето за тоа како порнографијата влијае врз мажите мораше да биде откажана откако се воочи дека нема ниту еден маж кој не гледал порно.
Истражувачите од универзитетот во Монтреал, сакале да го споредат однесувањето на мажите што гледаат порнографија со однесувањето на оние кои тоа не го практикуваат, а професорот Симон Луис изјавил дека од таа причина морал драстично да го промени неговиот пристап кон истражувањето.
“ Предмет на мојата работа е впечатокот кој го има порнографијата врз сексуалноста кај мажите и како тие ја обликуваат нивната перцепција кон жените и мажите. Го започнавме истаражувањето барајќи мажи во дваесетите години кои никогаж не гледале порно филмови и не успеавме да пронајдеме ниту еден”, објасни професорот, пренесува Daily Mail.
Наместо тоа тој го започнал истражувањето за однесувањето на оние кои гледаат порно филмови. Открил дека просечен слободен маж поминува  40 минути, три пати неделно гледајќи секс снимки, додека оние што се во врска трошат 20 минути просечно  1,7 пати неделно. Повеќето припадници на машкиот пол првата порнографија ја бараат уште на десетгодишна возраст, кога им се развива сексуалната желба.
Освен тоа, ретко кога порнографската содржина се гледа во пар и секогаш со внимание бараат што сакаат да гледаат. Порнографијата не го изменила нивниот однос кон жената и начинот на кој ги доживуваат нив, сите имаат еднаква потреба за исполнети и хармонични односи во животот. Мажите се свесни дека мечтаењето е едно, а реалноста е друго и не сакаат нивните партнерки во реалниот живот да се однесуваат како порно ѕвезди”, изјави професорот.Истражувањето за тоа како порнографијата влијае врз мажите мораше да биде откажана откако се воочи дека нема ниту еден

Пронајдете не на следниве мрежи: