Нов бермудски триаголник; без трага исчезнуваат авиони

Исчезнувањето на авионот во кој се најде модниот могул Виторио Мисони повторни ја покрена приказната за клетвата на Los Rokes.

 

Од средината на деведесетите, пријавени се најмалку 15 инциденти во кои авионите се рушеле, исчезнувале или имале необјасливи инциденти додека патувале помеѓу архипелагот Los Rokes и Каракас. 

 

Серијата на несреќи во последната декада, на релација на архипелагот и главниот град на Венецуела, Каракас е главно од исчезнувале на авиони и бродови без никаква трага. Минатонеделната несреќа, кога исчезна авионот во кој беше модниот могул Виторио Мисони и 6те патници кои беа со него, е само дополнителна причина за покренување на гласините за новиот Бермудски триаголник.Од средината на деведесетите се имаат случено најмалку 15 вакви несреќи.

 

Еден од најсмртоносните случаи од овој вид се случи во 2008 година, кога 14 луѓе погинаа во рушењето на авионите кој летал на иста релација како овој од минатата недела. Пронајдено било само едно тело, остатокот никаде. 

 

Шпекулациите за можните „клетви“ се движат од грешки на пилотите до ослободување на метан од морското дно. Меѓу тоа, недостатокот на докази за да се поткрепи барем една од овие теории, само го зајакнува ставот за појавување на нов Бермудски триаголник.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: