Ако сте верен читател на хороскопските предвидувања бидете подготвени за неочекуван новитет. Имено, ако сте родени помеѓу 29 ноември и 17 декември – вие сте Змијоносец.Овој знак е сместен помеѓу Скорпија и Стрелец.
Астрономот Парке Канкл вели дека констелацијата на планетите и промената на положбата на Земјата, довела до измена на системот на хороскопски знаци, пренесува “Хуфингтон Пост”.
Наводно, датумите кои ги одредуваат знаковите се погрешни, бидејќи положбата на планетите и соѕвездијата, од времето на појавувањето на астрологијата до сега значително се има променето.
Бидејќи поделбата на 12 хороскопски знакови е направена од пред 3000 години, Канкл вели дека е потребно да се земат предвид овие промени и во системот да се вброи тринаесеттиот знак – Змијоносец (Ophiuchus).
Бидејќи воведувањето на новиот знак го променува целиот систем, можеби би било добро одново да проверите кој знак сте:
Јарец: 20 јануари- 16 февруари
Водолија: 16 февруари- 11 март
Риби: 11 март- 18 април
Овен: 18 април- 13 мај
Бик: 13 мај- 21 јуни
Близнаци: 21 јуни- 20 јули
Рак: 20 јули- 10 август
Лав: 10 август- 16 септември
Девица: 16 септември- 30 октомври
Вага: 30 октомври- 23 ноември
Скорпија: 23 ноември- 29 ноември
Змијоносец: 29 ноември- 17 декември
Стрелец: 17 декември- 20 јануари